Диета со риба и зеленчук

За љубителите на рибата и доброто здравје, ова е совршена диета. Диетата се спроведува десет дена, дава брзи резултати – загуба на три до четири килограми. По кратка пауза, диетата може да се повтори.

Мени

Појадок-1 до 2 јајца, шолја јогурт (немасен). Потоа, после 15-на минути 1 цитрусно овошје (киви, цитрон, лимон), подоцна може да испиете шолја зелен чај без шеќер.

Вториот појадок е поделен во два оброка – 50 г риба и чаша топла вода, а после 15 минути – уште 50 г од истата риба со прилог од зеленчук. Може да консумирате до две чаши било каков зеленчук, освен компир.

Менито за ручек и вечера е исто – пред оброк 2 чаши обична топла вода и 50 г риба, а потоа 250 г риба или морски плодови со зеленчук (може да направите и салата зачинета со сок од лимон).

Ако во текот на денот почувствувате криза може да се напиете малку јогурт (немасен). Во текот на сите 10 дена може да го менувате видот на зеленчук и риба.

За време на диетата треба да се пие најмалку 2 литра вода дневно, а водата е неопходна и пред секој оброк. После вечерата корисно за слабеење е да испиете чаша зелен чај.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.