Дизајнерите овие три бои никако не ги користат во спалната соба: Поттикнуваат депресија и несоница

Како и за се што е поврзано со опремувањето на домот, најважно е тоа што вас ве радува, но сепак дизајнерите ги избраа оние работи кои не треба да се најдат во спалните соби.
Тие избраа три бои кои треба да ги избегнувате во вашите спални, еве кои се:
Сива или бела со ладни нијанси
Подтоновите не треба да се игнорираат. Дизајнерите советуваат да се избегнува сивата и белата боја, но не треба да се избегнува целото семејство на бои, туку само оние со поладни нијанси.
„Овие бои имаат тенденција да имаат депресивно дејство, особено за време на зимски или дождливи денови“, предупредува дизајнерката Кејт Дафи.
Наместо тоа, таа предлага да изберете нежно сива боја со топол тон и да ја комбинирате со акцентна позадина за да додадете некоја суптилна возбуда во просторот.
Светли бои
Ако размислувате за шартреус, жешко розе или дури и канарско жолто, најдобро е да ги оставите надвор од спалната соба.
„Овие бои дополнително се зајакнуваат со сончева светлина или вештачка светлина и не поттикнуваат добар сон“, вели дизајнерката и додава:
„Наместо тоа, подобро е да изберете пригушени верзии на тие бои.
Можете исто така да користите помирни бои на ѕидовите и да додадете текстил и перници во светли, весели бои на вашите кревети. Таа комбинација е многу подобра, а на вашата спална соба ќе и дадете печат.
Црвено
Темно црвената можеби се враќа во мода, но дали има место во спалната соба? Дизајнерката вели дека нијансите на црвено не се баш погодни за овој простор. Доколку сепак сакате една од овие посилни бои, дизајнерите предлагаат да користите топла виолетова боја наместо темно црвена.

Пронајдете не на следниве мрежи: