Дизниленд бара работници и од Македонија

Пријавете се за едногодишен престој и работа во Дизниленд.
Дизниленд во Флорида распиша конкурс за работници, а воедно и станари во својот комплекс што изгледа исто како во бајките.
Од вработените ќе се бара автентично да го претстават регионот и земјата од која потекнуваат.
-Бараме дружељубиви и гостопримливи луѓе коишто на уникатен начин ќе успеат да ја претстават културата, традицијата и историјата на својата земја – стои во огласот.


Кандидатите кои што ќе ја добијат работата ќе работат во подготовка на храна, продажба на освежителни пијалоци, продажба на сувенири и едукација на посетителите на комплексот.
Среќниците кои ќе бидат примени на работа ќе имаат шанса да живеат во Дизниленд на една година и да заработуваат по 10 долари секој час, со 32 работни часови во текот на неделата што значи околу 1.100 евра + бакшиш секој месец ќе бидат префрлени на нивните сметки.
Комплексот изгледа како студентски дом, а во него имате право на фитнес центар и пристап до компјутер.
За сите кои се заинтересирани, понудата важи до 1 август што значи дека преостануваат уште малку за пријавување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.