ДИК: Побрзи резултатите со користење современи технолошки апликации

На денешната седница Државната изборна комисија усвои упатство за достава на податоци од избирачките одбори до Комисијата со цел да се зголеми ефикасноста, транспарентноста и брзината на објавувањето на резултатите. ДИК го усвои и Упатството за ракување со изборниот материјал, за општинските изборни комисии и избирачките одбори, како и Прирачникот за пополнување на обрасците за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето.
– На ваков начин по електронски пат ќе имаме директно резултати од избирачките места од претседателите на Избирачките одбори. Подоцна по електронски пат во вид на првични неофицијални ќе ги добиваме по пополнувањето на записниците од избирачките места од страна на Општинските изборни комисии – рече членот на Комисијата Борис Кондарко.
Како што објасни тој ДИК за прв пат воведува нова постапка покрај постојните предвидени во законот, а кои ќе бидат, исто така, спроведени и испочитувани, која ќе придонесе за зголемена контрола и споредба на првичните неофицијални резултати кои Комисијата ги добива по електронски пат, а ги објавува сукцесивно.
– Тоа ќе бидат резултати од записникот 16 од избирачките места по составувањето и потпишувањето на истиот записник. Резултатие и од ИМ и од ОИК се јавни и по пополнувањето и потпишувањето од страна на изборните органи ги добиваат и самите претставници на подносителите на листи на кандидати, т.н. партиски контролори. Изборните органи треба да ги истакнат овие резултати и на самите избирачки места – рече Кондарко.
Претседателот на Комисијата Оливер Дерковски, пак, рече дека станува збор за новина на овие претседателски избори за побрзо објавување на резултатите на денот на изборите преку користење одредени соверемени технолошки апликации.
– Тоа ќе им биде поделено на операторите кои ќе работат, но и на претседателите и членовивите на изборачките одбори кои ќе треба да ја извршат операцијата да да ја знаат процедурата по која ќе мора да се движат и да работат на денот на изборите со цел да се избегне било каква манипулација од било кој вклучен во операцијата. Согласно упатството секој ќе си добие своја задача и ќе мора да ја заврши – објасни Дерковски.
За набљудување на изборниот процес на претседателските и предвремените локални избори во три општини до ДИК досега се пријавиле и добиле акедитации 3.815 лица. Од нив 3.094 се домашни набљудувачи, 423 странски, 285 се преведувачи, и 13 странски новинари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.