ДИК со неофицијални податоци: СДСМ – 46 пратенички места, ВМРО-ДПМНЕ – 44, ДУИ – 15

Според неофицијални последни резултати на Државната изборна комисија, од преработени 3.421 од вкупно 3.480 избирачки места, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освои 46 пратенички места, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата 44.

Од партиите од албанскиот ред  ДУИ освои 15 пратенички места, а коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива – 12, а ДПА едно место во Парламентот.

Изненадувачки е фактот што Левица на овие избори ќе влезе во Парламентот со две пратенички места.

Според неофицијалните резултати, СДСМ и коалицијата освоиле 36.12 отсто гласови, а ВМРО-ДПМНЕ 34.85.

На  десеттите парламентарни избори, кои првпат во актуелните услови на пандемија на коронавирусот траеја три дена, правото на глас го искористија околу 923 илјади граѓани или приближно 51 отсто од запишаните гласачи во Избирачкиот список.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.