ДИК утре со ждрепка ќе го утврди редоследот на претседателските кандидати на гласачкото ливче


Покрај за редоследот на претседателските кандидати ДИК утре ќе спроведе и ждрепка за утврдување на распределбата на рекламните паноа и билборди за претседателските избори

Државната изборна комисија (ДИК) информира дека утре ќе ja спроведе ждрепката со која ќе се утврди редоследот на кандидатите за претседател на државата на гласачкото ливче на претседателските избори.

Парламентарни избори во С Македонија во 2020 година / Архива: EPA-EFE/NAKE BATEV

Ждрепката ќе се спроведе точно напладне во просториите на ДИК.

„Утре, 25 март 2024 година, Државната изборна комисија ќе спроведе ждрепка за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати за претседател на Република Северна Македонија. Ждрепката ќе се одржи во 12 часот во големата сала на 4 кат во Државната изборна комисија“,

информираат од ДИК во дописот испратен до медиумите.

Покрај за редоследот на претседателските кандидати на гласачкото ливче, ДИК утре ќе спроведе и ждрепка за утврдување на распределбата на рекламните паноа и билборди за претседателските избори.

На гласачкото ливче за изборите за претседател на државата ќе се најдат седум имиња.

Во трката за избор на шеф на државата влегуваат кандидатот поддржан од СДСМ и актуелен претседател Стево Пендаровски, кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, кандидатот на ДУИ, Бујар Османи, Билјана Ванковска-Цветковска поддржана од Левица, кандидатот на коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари, Максим Димитриевски од Движењето ЗНАМ и кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Првиот круг од претседателските избори се одржува на 24 април, а вториот на 8 мај заедно со парламентарните.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: