Димитриевски: Ние ќе го избереме кралот после следните избор

„Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија во моментов е најбрзорастечкиот политички субјект во историјата на македонскиот плурализам од осамостојувањето наваму. Ниту една политичка партија немала таков тренд на раст“, рече претседателот на Движењето, Максим Димитиревски во гостувањето на Инфомакс, во дебатната емисија „Тешки муабети“.

„Граѓаните ги препознаваат нашите политики. Ние не се бориме за власт. Ние ќе се бориме за одговорност. Јас и тука во вашето студио, а и јавно тоа го ветувам дека по изборите, на деветти мај, убав ден, нештата во Македонија нема да бидат исти, од секој аспект. Прво нема никогаш повеќе да дозволиме Македонецот да се фрустира и да се чувствува како граѓанин од втор ред во сопствената држава. Никогаш повеќе нема да дозволиме граѓанинот на Македонија да биде манипулиран на начин како што беше манипулиран досега. Ќе ја зголемиме транспарнетноста во сите сегменти на државата и ќе работиме на конкретни реформи“ додаде Димитриевски.

Тој рече дека очекува Движењето ЗНАМ да биде кинг-мејкерот на следната владина коалиција.

Запрашан дали стои зад концептот – едно општество за сите, Димитриевски рече дека едно општество за сите подразбира еднакви права и обврски за сите, но за жал едно општество за сите се траснформираше во едно општество за поединци.

„Оние кои од позиција на власт ги уживаат сите бенефиции од власта, додека обичниот граѓанин е целосно оставен на страна, се со намера да се создаде еден феномен, кој јас го дефинирам како приватна држава, во која тие кои се избрани од страна на граѓаните изнаоѓаат различни механизми за доаѓање до средства на нечесен начин и со нив капитализираат дополнително бизнниси, преку кои ги контролираат оние кои нив ги гласаат. Тоа е приватна држава и тоа се случува во мометнтот, сега. Не одлучуваат политичките субјекти, туку одлучуваат политбироата, односно мала група на луѓе во политичките субјекти”, објасни тој.

Пронајдете не на следниве мрежи: