Претседателот на ЗНАМ и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, во своето гостување во „Топ Тема“ на Телма ја отвори темата која, како што посочи, со години останува без јасни одговори и е обвиена со политички молк, дилеми и недоследности околу процесите поврзани со екстрадицијата на Никола Груевски.
исуство на Димитар Ковачевски, Али Ахмети, Артан Груби и други претставници на СДСМ се разговарало за сценарија поврзани со враќањето на Никола Груевски во Македонија во замена за негова амнестија.
„И дали постојат записи или стенограми од тие средби, кои се кријат од јавноста? Дали помеѓу СДСМ и ДУИ постоеле политички договори за законски измени во Кривичниот законик, по барање на Груевски? Дали сето тоа е нотирано на фамозното УСБ стикче кое патувало на релација Будимпешта-Скопје“, праша Димитриеевски.
Дополнително, вели тој, останува отворено прашањето за заминувањето на Груевски од државата и дали за тој институционален пропуст е утврдена конкретна одговорност, имајќи ги предвид тогашните надлежности на властите предводени од СДСМ.
Според ставовите што ги изнесе Димитриевски, наместо целосно расчистување, јавноста со години сведочи на политички дефокус, обвинувања и недоречени објаснувања, додека суштинските прашања остануваат без конечен одговор.



