Димитриеска Кочоска: Ако има раст на платите тешко ќе се намали инфлацијата

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на денешната прес-конференција, како одговор на новинарско прашање, рече дека растот на просечната национална плата врши притисок на инфлацијата и поради тоа таа тешко се зауздува во земјата.

– Просечната плата ќе расте поради тоа што нема доволно работна сила и компаниите во приватниот сектор имаат проблем со ова. Кога се трудите да привлечете добар работник од некоја друга компанија, бидејќи се вртат истите работници, а немаме ние нова работна сила која што би ја понудиле, сега се трудиме еве нешто да направиме во тој дел со преквалификации, одредени промени на закони, но за сето тоа треба време

Проблемот со инфлацијата и просечната плата е комплексен и треба време да се среди. кажувам и повторувам дека ние работиме во континуитет во тој дел и не сме застанале, рече министерката.

За Димитриеска Кочоска единствено решение е да се стимулира вработувањето меѓу оние 100.000 невработени лица.

Таа додаде и дека се подготвуваат измени со увозни олеснувања заради финансиски олеснувања на преработувачката индустриуја во прехранбениот сектор.

Министерката рече дека загрижува тоа што храната и натаму е скапа иако многу средства се одделуваат за субвенционирање во земјоделството.

Пронајдете не на следниве мрежи: