Димитриеска-Кочоска: Ќе се прават дополнителни проверки за ИПАРД

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, во врска со временото запирање на ИПАРД програмата, кажа дека ќе се прават дополнителни проверки за да се утврди дали воспоставениот систем гарантира легалност и регуларност на плаќањата, како и постоење мерки за заштита од измама и корупција.

-Министерството за финансии односно Националниот координатор на ИПА фондовите кој се наоѓа во МФ, во петокот достави допис со којшто направи времено сопирање на исплаите. Значи никако не станува збор за тоа дека некој од надвор ни ги сопирал исплатите. Сега ќе се прават дополнителни проверки со цел да се обезбеди уверување дали воспоставениот систем гарантира легалност и регуларност на плаќањата од ИПАРД, како и постоење ефективни мерки за заштита од измама и корупција – рече Димитриеска Кочоска на Сител.

Таа напомена дека тоа е она клучно што ќе се проверува и оти не станува збор за забрани што се случуваат од надвор.

-Но морам да напоменам дека во моментот во системот постојат фактури од износ од 400.000 евра. Да не шпекулираме со бројки, целата сума на ИПАРД програмата е 97 милиони евра, од нив веќе имаме исплата на 274 договори почнувајќи од 6.11.2023. Износот кој се исплатил за тие 274 договори е 8.266.375 евра, и националното кофинансирање е 2.754.487 евра – рече министерката за финансии.
The post Димитриеска-Кочоска: Ќе се прават дополнителни проверки за ИПАРД appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: