Димитров во дводневна работна посета на Берлин

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска и утре ќе престојува во работна посета на Берлин, при што со германски претставници ќе разговара за напредокот на земјава во евроинтеграциите. Се очекува Димитров  денес да оствари средби со пратеници во германскиот Бундестаг, меѓу кои и со работната група за надворешна политика на ЦДУ/ЦСУ, како и со претставници на Канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел. Предвидени се и средби со министерот за Европа, Михаил Рот и новата лидерка на ЦДУ/ЦСУ, Анегрет Крамп-Каренбауер.
Како што соопшти МНР утре на Димитров ќе му се приклучи и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи. Планиран е заеднички брифинг пред парламентарната Комисија за европски прашања во Бундестагот, на која ќе го презентираат напредокот и подготвеноста на земјата за почеток на пристапните преговори со Европската унија, во пресрет на јунскиот Совет на ЕУ.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: