Димитров ја продолжи праксата на Заев на манипулација и поделба на граѓаните

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, пред граѓаните на Куманово ја продолжи праксата на неговиот претпоставен Зоран Заев базирана на манипулации и поделби на граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Очигледно дека Димитров исто како и Заев смета дека сто пати кажана лага станува вистина, па така тој вечерва се обидуваше капитулантскиот договор со Грција да го прикаже како успех и крупен исчекор. Му порачуваме на Димитров дека уште милион пат да ја повторува таа лага нема да му успее.

За граѓаните на Република Македонија тој договор ќе остане капитулантски договор кој значи бришење на Република Македонија, бришење на македонскиот идентитет, македонската традиција, култура и историја. Никола Димитров исто како и Зоран Заев се прочитани од граѓаните во Република Македонија кои ниту им веруваат ниту им даваат поддршка на нивните штетни, антидржавни и криминални политики. Граѓаните на Република Македонија се за НАТО и ЕУ, но се против лагите, манипулациите и штетните политики на Димитров и Заев, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.