Димова и Златковски сепак се знаат, биле на иста маса!

Димова и Златковски сепак се знаат, биле на иста маса!

Од фотографијата може да се види дека се работи за комотна атмосфера, која не личи на деловна средба.

Вчера дознавме дека фирма на која главна дејност и е фризерски салон добила над 270 илјади евра грантови од Националната агенција за европско образование и мобилност.

Во текот на 2019 добиле речиси 26 илјади евра, додека во 2018-та нешто повеќе од 63.500.

А годинава истата фирма, истиот сопственик, повторно преку проекти добил над 180.000 евра. Димова потврди дека сопственикот на фирмата В.Е.З. Трејд Зоран Златковски бил ангажиран од страна на Агенцијата за да спроведува обуки на наставници, но и дека немал никаква можност да влијае за да добие грантови.

Дали се работи за „договорена работа“ останува да проверат институциите надлежни за таа работа. Сепак мораме да потенцираме дека е повеќе од невообичаено да се добијат 3 гранта последователно. Невообичаено е да се добијат толку многу сретства. Уште поневообичаено е да ги добие фирма која е всушност фризерница и така натака…

Остануваат отворени и неодоговорени многу прашања. Дали всушност се злоупотребуваат европските пари во Македонија? И наместо навистина да имаме како општество некаков бенефит од ЕУ и нашата агенција, имаме тесна група на луѓе кои ги злоупотребуваат европските пари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.