Димче Арсовски: Има ли куче Мира Дизел?

На својата вчерашна прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски обзнани нов скандал со непотизам во ЕЛЕМ. Тој на македонската јавност и откри дека синот на пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска попозната под прекарот, Мира Дизел е вработен во ЕЛЕМ и е еден од многуте примери за непотизам во државното претпријатие.
Денес порталот “Макфакс“ и откри на јавноста дека братот на пратеничката Мира Стојчевска од вчера е вработен во РЕК “Битола“.
На својот Фејсбук профил коментираше Арсовски и запраша дали пратеничката можеби има куче, кое би можело да биде директор на “Зоолошка градина” во Битола.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.