петок, 27 ноември 2026
Најново

Дина Јашари на „Мајска Сесија, дојди да се преслушаме“ организирана од Europe House

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На 22 мај на платото на УКИМ во 20:00 часот во склоп на манифестацијата „Мајска Сесија, дојди да се преслушаме“ организирана од Europe House, како прв изведувач ќе настапи Дина Јашари.

Дина е е млада музичаркa – изведувач, текстописец и продуцент. Извонредниот пристап кон пишувањето песни, прекрасните сонливи аранжмани, емотивни текстови, современа, модерна и свежа продукција и секако, хипнотизирачките настапи во живо со полно право ја ставаат Дина на пиедесталот на новата локална музичка сцена. 

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Зад себе има повеќе синглови, едно EP издание насловено ,,Дома” и музичката соработка ,,Убав ден” со Дуке Бојаџиев. Во 2022 година, во Белград ја добива наградата Милан Младеновиќ за песната Дома, со која станува препознатлива во регионот.

Нејзина главна цел е да создава и изведува нова, свежа македонска музика. Во 2020та се формира бендот ,,Другари”, со кој заедно настапува последниве неколку години. Во 2022 и 2023 година ја изведува својата музика надвор од 🇲🇰, на неколку мини турнеи во 🇷🇸, 🇭🇷, 🇧🇦, 🇸🇮, 🇭🇺, 🇵🇱, 🇵🇹… Во 2023 година, имаше неколку успешни турнеи низ балканот и во неколку Европски земји. Од M̳E̳N̳T̳ ̳F̳E̳S̳T̳I̳V̳A̳L̳ (Љубљана, Словенија), 𝙀𝙓𝙄𝙏 𝙁𝙀𝙎𝙏𝙄𝙑𝘼𝙇 (Нови Сад, Србија), 𝗪𝗜𝗔𝗡𝗞𝗜 𝗙𝗲𝘀𝘁𝗶𝘃𝗮𝗹 (Краков, Полска)…

Во моментов на сцена ја придружуваат Лука Тошев (гитара) и Драган Теодосиев (тапани).

Поврзани вести