Мачеј Качоровски, нашиот дипломат и вршител на работи во Амбасадата во Тел Авив е херојот на евакуацијата на нашите државјани од Израел, но освен него во мисијата за спасување на македонските државјани голема улога има Хани Садикарио Тзадок, која е по потекло од Македонија, а која веќе 12 години живее и работи во Ерусалим и работи за Македонската амбасада во оваа држава.

Качоровски кој е вршител на работите во Амбасадата во Тел Авив на својот фејсбук профил изрази огромна благодарност до Хана за напорите кои таа ги вложила во спасувачката мисија на граѓаните кои се најдоа во Израел по започнување на воениот конфликт.
- Трамп обвинет за злоставување на малолетници, случајот отфрлен
- Германија испрати писмо до пет членки на ЕУ. „Вака веќе не оди“
- Тој ја остави камерата на дното на океанот, а она што го сними ги преплаши многумина: „Ова е мојот најлош кошмар!“ (фото/видео)
- Почина Костадинка Палазова Ѓорѓиоска – еден од најсилните гласови на македонската изворна песна
- Овие четири хороскопски знаци се најљубоморни во врските. Дали и вие сте меѓу нив?
- Јадењето на овој појадок само два дена може да го намали холестеролот
- Кардиологот Кедев се повлекол од Советот на Алиу, наводно поради застој околу скандалот со непотребните операции на срце
- Првата сопруга на Путин откри како тој ѝ предложил брак: „Звучеше како да сакаше да раскинеме, ми го кажа ова…“ (фото/видео)
- (Фото) Трагедија: Вака изгледа државното знаме на Попова Шапка
„Само да напоменам дека се што успеавме досега да направиме не би било можно без нашата колешка од Амбасадата во Тел Авив, Хана Садикарио Тзадок, која повеќе од 12 години работи за нашата држава и која од самиот почеток во сите изминати денови беше 24/7 вклучена во операцијата на излекување на нашите државјани од Израел, што за разлика од мене мораше да води сметка и за нејзините малолетни деца“, напиша Качоровски на фејсбук нагласувајќи го нејзиниот придонес и енергија и упатувајќи огромна благодарност до Садикарио Тзадок.
Мачеј Качоровски, нашиот дипломат и вршител на работи во Амбасадата во Тел Авив е херојот на евакуацијата на нашите државјани од Израел, напиша претходно министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот профил на Фејсбук.
Според него, Качоровски одиграл клучна улога во извлекувањето на нашите државјани преку различни транспортни рути, неуморно координирајќи го целокупниот процес од почетокот па сѐ до нивното безбедно враќање во Македонија.
Пронајдете не на следниве мрежи:



