Директна авиолинија Скопје-Атина

Како што најави денес ТАВ Македонија, концесионер на аеродромите во Скопје и Охрид во четврток на 1 ноември во 18 часот на Скопскиот аеродром ќе биде одбележано воспоставувањето на директни летовите помеѓу Скопје и Атина од страна на грчката авиокомпанија “Ејџиан Ерлајнс“. По повод настанот најавени се обраќања на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот за земски операции во “Ејџиан Ерлајнс“, Панос Николаидис и на генералниот директор на ТАВ Македонија, Алпер Ерсој.
Летови, согласно зимскиот ред на летање, ќе има двапати неделно, секој четврток и вторник, и тоа со авион „кју400“ со капацитет од 78 патници. Авионот секој вторник од Атина ќе тргнува во 9 часот по локално време, а во 9:45 од Скопје по македонско време. Во четврток летот од грчкиот главен град е во 18:40 часот, а од македонскиот, односно Скопје во 19:25 часот. Патувањето ќе трае 1 час и 15 минути, а  авионското поврзување помеѓу двата града повторно се случува по повеќе од 10 години.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.