Директорот на Водовод Кочани го остави претпријатието на цедило за да се вработи во Агенцијата за станбен и деловен простор?

Поранешниот в.д директор на „Водовод“ Кочани, Кирил Ковачев на ден 09. 04 2025 година си поднел неотповиклива оставка од местото директор за да истиот ден сам се одјави и да се пријави на работно место во АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, подрачна единица Кочани, дознава Инфомакс.

Дека поранешниот директор е вработен во АДССДП потврдија и од самото претпријатие од каде во официјален одговор за Инфомакс соопштија дека:

Лицето Кирил Ковачев е вработено во ПО Кочани на работно место “Координатор’’по претходно објавен јавен оглас на ден 19.03.2025 година во два дневни печатени медиуми. Ковачев беше избран согласно одредбите од Законот за работни односи, условите наведени во Огласот и Правилата за начинот на избор од пријавени кандидати по огласите за вработување во АДИССДП како интерен акт на Друштвото.

Претходно, локалните медиуми во Кочани објавија дека „Водовод“ остана без директор во период кога немаше избран в. градоначалник, а поранешниот градоначалник Папазов е во притвор поради трагедијата во Кочани.

– Како што сме информирани КЈП „Водовод“ од Кочани остана без директор. Имено, досегашниот в.д. директор Кирил Ковачки во текот на вчерашниот ден ги потпишал документите за подигање на плата за вработените и си поднел неотповиклива оставка.

Но Ковачев нема ниту еден ден да остане ба работа. Во меѓувреме истиот се има јавено на конкурсот и од денес е во работен однос во „АД за изградба и стопанисување со станбен простор и деловен простор од значење за републиката – Скопје, ПО Кочани“, објави локален портал.

Претпријатието инаку е во огромна загуба создадена и во време на директорување на овој директор, но и во времето кога претходниот градоначалник Папазов бил директор на истото претпријатие, за време на мандатот на градоначалникот Ратко Димитровски, исто така осомничен во истрагата за трагедијата во Кочани.

Водовод е надлежен и за хигиената во Општината која во овој мандат се покажа дека е на многу ниско ниво со бројни проблеми. Значи КЈП Водовод чии надлежности се вода за пиење, одвод, хигиена, стопанисување со зеленилото, гробишта, останува без челната позиција директор бидејќи Ковачев можеби повеќе се загрижил за своето ново работно место, отколку за добробитот на граѓаните во Кочани кои се уште ја преживуваат трагедијата. Проблемот ќе треба да го реши новоизбраниот в.д градоначалник Крстевски кој треба заедно со Советот да назначи директор на Водовод за претпријатието да може редовно да функционира.

Пронајдете не на следниве мрежи: