Директорот на неврологија, Иван Барбов, позитивен на ковид-19

И Директорот на неврологија, Иван Барбов, позитивен на КОРОНА ВИРУСОТ

Тој вечерва на својот Фејсбук профил објави дека добил позитивен резултат за КОРОНА ВИРУСОТ. Барбов напиша дека не се тестирал поради симптоми на болеста, туку затоа што имал контакт со неколку пациенти за кои подоцна се утврдило дека се позитивни.

Денес го добив резултатот за САРС-КоВ-2 кој е позитивен. Вчера се тестирав заради контакт со неколку пациенти кои испаднаа позитивни, иако и тие и јас бевме со заштитна опрема.
Немам никакви симптоми и од вчера сум во домашна самоизолација.
Во изминативе 4 месеци секојдневно бев на работа, не се поштедив со ротации. Се со цел подобро да ја организирам работата на клиниката и да бидам достапен за сите пациенти.
Постојано носев маска на работа и надвор во затворени простории.
Почитувајте ги препораките и чувајте се.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.