Директорот на руската надворешна разузнавачка служба е подготвен да се сретне со шефот на ЦИА

Директорот на руската надворешна разузнавачка служба Сергеј Наришкин изјави дека е подготвен да се сретне со директорот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) Џон Ретклиф.
„Русија веќе беше подготвена за преговори“, рече Наришкин одговарајќи на новинарско прашање за неговата подготвеност за средба, доколку такво барање дојде од американската страна.

На прашањето дали се уште има контакти меѓу ЦИА и СВР, Наршкин рече дека руската страна има свој претставник во Вашингтон, исто како што ЦИА има свој претставник во Москва.
Ретклиф претходно беше и директор на ЦИА за време на првиот мандат на Трамп, од 26 мај 2020 година до 20 јануари 2021 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.