Директорот на „Улици и патишта“ уапсен со кокаин!

Директорот на скопското јавно претпријатие „Улици и патишта“ во саботата бил уапсен со две пакувања кокаин во Струга.
Како што пишува Лидер, при претресот кај него била пронајдена поголема количина на кокаин, а против него ќе се води постапка само како да е корисник.
На 15.08.2020 во 22.40 часот на ул.„Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, – стои во билтенот на МВР.

 

Извор: Лидер.мк

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.