Вечерва во емисијата „Топ Тема“ гостуваше директорот на јавно здравје, Арбен Зибери кој што посочи дека поради новостаната ситуација со нагло зголемување на бројката на новозаболени знак прашалник е дали ќе се отворат границите на 15-ти јуни. Ова го изјави Зибери додека Заев бара упорно избори на 5-ти јули.
„Сега за сега пак ќе кажам секоја одлука не може да кажеме дека ќе биде точно на 15-ти. Бидејќи ние еден период имавме мал број на заразени и никој не очекуваше дека денеска по еден месец , јас како пример ќе го спомнам Скопје, 5-ти мај немавме ниту еден заразен, а денеска имаме 59. Тоа значи дека никој од тогашна гледна точка никој не би прогнозирал дека по еден месец ние ќе имаме толку заболени“, појасни Зибери.