Директорот на WizzAir: Уживајте уште малку во евтините авиобилети

Основачот на нискобуџетната авиокомпанија WizzAir, Џозеф Варадхи, ги советува клиентите да уживаат во ниските цени на билетите бидејќи нема долго да бидат ефтини.
На конференцијата во Виена изјави дека очекува WizzAir да ја зголеми цената на авиобилетите следната година.
“Цените ќе се стабилизираат”, додаде Варадхи.
Од минатата пролет, унгарската авиокомпанија е стационирана на аеродромот во Виена и иако изнајмувањето е скапо, Варадхи вели дека оваа нискобуџетна компанија ќе остане во австрискиот главен град.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.