Директор на католичкото училиште за девојки во Регенсбург напиша писмо во кое ги предупредува родителите да не ги пуштаат нивните ќерки сами да одат до училиште. Писмото ги шокирало родителите, но портпаролката на полицијата смета дека е оправдано, пренесува Fenix-magazin.de.
Имено, католичкото женско училиште во Регенсбург (Баварија) е идилично лоцирано веднаш до паркот на замокот каде што била резиденцијата на кнежевското семејство Турн и Таксис.
- Поплавата му ги однесе синовите, потрагата уште трае! Од момчињата нема трага, таткото едвај преживеал: „Животот му се претвори во прашина“ (ФОТО/ВИДЕО)Една недела по катастрофалната поплава што опустоши дел од провинцијата Валенсија, а во која- прочитај повеќе
- Пет хороскопски знаци кои секогаш ги исполнуваат своите ветувањаВo свет каде што често наидуваме на празни зборови и неисполнети ветувања, вистински- прочитај повеќе
- Утрово најстудено во Берово и БитолаУтрово најстудено е во Берово каде се измерени -6 степени, а веднаш зад- прочитај повеќе
- Честитки до сите политичари низ годиниве: Скопје седми најзагаден град во светот!Скопје се наоѓа на седмото место во светот по загаденост на воздухот според- прочитај повеќе
- „Сочувство до Германците!” Захарова: Нивната земја нема видено толку луди владетели 80 години!Претставник на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, коментирајќи ја реакцијата на- прочитај повеќе
Во писмото од 30. јануари, д-р. Ханс Линднер, директор на „Marien Oberschule & Realschule“ пишува:
„Без оглед на времето од денот, вашите ќерки треба да одат до училиште во групи и да користат само добро осветлени улици“.
Писмото звучи шокантно, но според портпаролката на полицијата Корин Вајлдтиер, директорот има легитимна причина да го напишал.
„Католичкото женско училиште се наоѓа недалеку од централната станица во Регенсбург. Зелените површини во близина на главната станица ги сметаме за приоритетна област поради високиот степен на криминал“, изјави портпаролката на полицијата Корин Вилдтиер.
Германските медиуми јавуваат дека на крајот на јануари во близина на училиштето се случило силување. Во притвор се и двајца осомничени Тунижани (20 г., 22 г.).
Директорот на училиштето Ханс Линднер пишува дека и шеталиштето „Фурст-Анселм“ и, не помалку важно, областа на железничката станица се жаришта на криминал, дури и во текот на денот, и покрај зголеменото присуство на полицијата и безбедносните служби.
„Тоа значи дека ученичките не се безбедни, иако таму има повеќе полицајци!“, нагласува тој.
Директорот за „Mittelbayerische Zeitung“ објасни дека не сака да шири паника и дека нема инциденти со ученички:
„Тоа беше чисто превентивно писмо“, вели тој.
Меѓу осомничените има многу Тунижани
Во 2023 година, случаите на, меѓу другото, сексуални престапи и физички повреди во Банхофсвиертел значително се зголемија. Bild дознава дека очигледно има многу Тунижани меѓу осомничените. Во 2023 година, според податоците на полицијата, тие се најголемиот број осомничени негермански.
Во моментов се гонат 25 Тунижани од блискиот центар за бегалци – главно за злосторства во близина на железничката станица. Овие рочишта се одржуваат кратко време по извршувањето на кривичното дело, а казните не можат да бидат подолги од една година.
Во 2022 година околу главната станица се регистрирани 748 кривични дела, а во 2018 година 875.
„Бројките за оваа 2023 година на подрачјето на станицата ќе ги надминат бројките од претходните години“, вели портпаролката на полицијата.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.