Директор на основно училиште во Македонска Каменица ќе одговара за попречување на правдата, откако го извадил приложениот сертификат за познавање на англискиот јазик и уште еден документ од своето досие, за да не се открие дека сертификатот е лажен, соопшти МВР.
„СВР Штип поднесе кривична пријава против В.Г.(37) од Македонска Каменица, директор на основно училиште во Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“. Во периодот од 05.12.2024 до 14.02.2025, со намера да го спречи и отежне докажувањето на преткривичната постапка која се води пред Основното јавно обвинителство Делчево за докажување на веродостојноста на сертификатот за познавање на англиски јазик, пријавениот од неговото лично досие во училиштето го зел сертификатот и текстот, кои биле заверени со оригинален печат од нотар и на 14.02.2025, пред да почне со работа новиот директор, го вратил досието без наведените документи“, пишува во полицискиот билтен.