Момче од Флорида се јавило на 911 и признало дека ја убил мајка си додека таа спиела покрај неговата новородена сестра.
Според локалните медиуми, 13-годишникот претходно им испратил фотографии од хоророт на своите пријатели.
- Среќна нова 2025 година
- Црна Гора и Босна со најголем процентуален раст на минималната плата во регионот
- (Фото) Новата година пристигна во Москва
- Скопјани традиционално се собраа на плоштад „Македонија“
- Доналд Туск: НАТО ќе ја зајакне контролата врз балтичките води
- „ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад на цели во Ј.Кореја и Јапонија во војна со НАТО
- (Видео) Еве како Дубаи ја дочека новата година!
- Тошковски: Македонските граѓани можат да се чувствуваат безбедни, полицијата е присутна и будно ја следи состојбата
- Гавазова одбиена за виза на САД? Пропадна долго планирана турнеја
- Лекарите од Ургентно се спремни за Новата година – Зголемен број на дежурни екипи
Дерек Роса (13) е обвинет за убиство од прв степен. Нему ќе му се суди како полнолетен, а тој не присуствуваше на првото судско рочиште кое се одржа во петокот, јавуваат локалните медиуми.
Роза се јавил на 911 на 12 октомври за да пријави дека штотуку ја убил мајка си во нивниот дом во Хијала. Медиумите претходно ја објавија аудио снимката од разговорот помеѓу момчето и диспечерот.
Наводно, Роза му кажал на диспечерот дека ја фотографирал својата мајка Ирина Гарсија (39) и ги испратил фотографиите на своите пријатели.
- Ја фотографирав мајка ми и им кажав на пријателите што се случи. Дали е тоа лошо? Низ подот има крв – му рекол момчето на диспечерот во текот на 18-минутниот разговор.
Разговорот завршил кога полицијата упаднала во куќата.
- Имам пиштол. Сакав да се застрелам, но не не сакав. Ножот е во мојата соба, а во дневната има пиштол – рече меѓу другото момчето.
Таткото и бабата на Роза во петокот се појавија пред судот за малолетници во негово име.
– Дерек е многу скромно и мирно дете и никој не можеше да замисли дека тоа некогаш ќе се случи – рекол неговиот татко Хозе Роса на сослушувањето.
Момчето е задржано без кауција и моментално е задржано во воспитно-рехабилитационен дом во Мајами.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.