Македонската ракометна репрезентација, во среда, во квалификациски натпревар во Скопје ќе го пречека најдобриот тим од последното Светско првенство, Шпанија.Селекторот Ивица Обрван, од понеделникот со пристигнувањето на Лазаров и Ристовски, на располагање ги има сите играчи на кои смета за овој натпревар.За конечниот состав кој ќе настапи против Шпанија, односно кои 16 ракометари од 21 ќе истрчаат на теренот ќе реши по тренингот во вторник, а одлуката ќе ја соопшти во среда наутро, на техничката подготовка за натпреварот.Обрван се согласува дека играчите ја респектираат Шпанија е фаворит, но дека нема да се уплашат од името на актуелниот светски првак.„Македонија има своја вредност. Ние ќе дадеме се од себе, Шпанија е во играчка предност, тие се фаворити. Натпреварот не е пресуден во овие квалификации, но со играта и резултатот ќе се обидеме да направиме добра потпора за следните мечеви кои ни следуваат – реваншот со Шпанија и двете средби кои ќе ги играме во јуни со Швајцарија и Португалија. Ние имаме цел а тоа пласман на ЕП во Данска и јас верувам дека ќе ја оствариме таа цел“, рече Обрван.Хрватскиот стратег рецептот за позитивен резултат го гледа во дисциплинираната игра во кои техничките грешки ќе бидат сведени на минимум.„Изненадувањата се можна во спортот, доколку ја победиме Шпанија, тоа нема да биде некои супер изненадување, но изненадување секако ќе биде. Јас верувам дека ние можеме да го сториме тоа. Треба да се повторат некои од најдобрите изданија на Европското првенство во Србија. За да го постигнеме тоа ќе ни биде потребна дисциплина во играта, квалитетна одбрана и што помалку технички грешки.“Според репрезентативецот Филип Миркуловски, атмосферата, борбеноста и навивачите ќе бидат главните адути на Македонија на овој натпревар.„Атмосферата е на високо ниво, што е најважно, бидејќи таа беше малку нарушена по последното Светско првенство. Шпанците се можеби поквалитетни од нас (технички и физички), но сепак тоа не треба да дозволиме да не победата во борбеноста, тука е нашата најголема предност. Сигурен сум и дека навивачите ќе направат една позитивна атмосфера“, рече Миркуловски.Квалификацискиот натпревар помеѓу ракометните репрезентации на Македонија и Шпанија, во среда, ќе започне во 17:45 часот, реваншот ќе се одигра на 7.април во Гвадалахара.
Макфакс Македонската ракометна репрезентација, во среда, во квалификациски натпревар во Скопје ќе го пречек