Дијана Хрка, мајката на Стефан кој загина при падот на настрешницата, штрајкува со глад веќе 13 дена. Поради влошување на здравсвената состојба, таа во текот на денот беше префрлена во болница, а попладнето беше пуштена по укажаната медицинска помош и се очекува да се врати во шаторот кај Собранието на Србија, објави „Н1“.
Report Ad
„По процената на состојбата, на пациентката ѝ бил обезбеден лекарски надзор и соодветна терапија,“ соопштија од болницата.
Вчера беше соопштено дека Хрка се вознемирила затоа што неколкумина преку непознат број го контактирале нејзиниот друг син и побарале од него да влијае врз неа да го прекине штрајкот.
Како што изјавил за ФоНет еден од ветераните кои се грижат за нејзината безбедност во шаторот, по нејзиното враќање се очекува околу 18 часот да ѝ се обрати на јавноста.
И превозникот Миломир Јаќимовиќ го продолжи штрајкот со глад петти ден, додека, пак, неговиот малолетен син вчера го прекина штрајкот.



