Денес не` очекува сончево време со мала до умерена локална облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде помеѓу 8 и 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе биде 7.
Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 14 до 30 степени.
Од денес попладне и во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која ќе услови локален дожд и грмежи.
Во сабота на места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.