Територијата на државава навлезе во значително потоплата воздушна маса која продира од јужните географски широчини, пишува Метеомакс.
Оваа топла маса својот максимум ќе го достигне некаде во петок кога максималните температури на воздухот ќе бидат многу високи и истите ќе се искачуваат во интервалот некаде од 26 до 34 степени.
УВ индексот ќе има ексремно висока вреднсот со коефициент од 10 до 11.
На граѓаните им се советува и се предупредуваат доколку излегуваат задолжително со себе да си понесат заштитна опрема, односно капа и наочари за сонце и да пијат што повеќе течности..