Доаѓа голем и тежок празник: Запалете свеќа за мртвите

Духовден, празник кој се прославува во спомен на слегувањето на Светиот дух. Бидејќи овој голем настан се одиграл на педесеттиот ден по Воскресението Христово празникот секогаш се слави на педесеттиот ден по Велигден и оваа година паѓа во петок.
Упатените велат дека е добро оттаму да се понесе осветена вода бидејќи во наредната година обезбедува хармонија во домот. Овој празник се нарекува и Духови бидејќи претставува слегување на Светиот дух на апостолите.
Два дена порано, пред Духовден, на гробиштата се одржуваат т.н. отворени задушници. Се верува дека во тој период се „отвораат“ гробовите и може да се разговара со мртвите. Обичај е на гробишта да се послужува храна за душа на мртвите.
Се верува дека во периодот пред и после овој празник владеат моќни енергии. Обичај е да се посетуваат манастирите, а особено тоа треба да го направат оние кои бараат простување на гревовите или лек за некој болест.
Од манастирите треба да се понесе осветена вода која во следната година обезбедува хармонија во домот.
Во некои краеви се верува дека тогаш е засилена и енергијата на оние кои прават разни растителни мелеми. Во минатото се верувало дека за да се заштитат од несреќа во овој период од годината носеле чешне лук или пелин во џеб, а дрвата ритуално ги кителе со подароци.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.