Времето во Македонија ќе биде стабилно и суво. Попладне ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот почнувајќи од западните делови ќе има повремени врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират на повеќе места и ќе се интензивираат.
Во сабота ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе има и ретка појава на грмежи.
Во недела ќе биде претежно стабилно и суво, а од понеделник во попладневните часови повторно ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи.