Доаѓа нова амбасародка на Калето, Бејли си заминува

Американскиот амбасадор Џес Бејли до крајот на годинава си заминува од функцијата во Македонија, а на негово место доаѓа досегашниот заменик амбасадор од Атина Мери Кејти Бирнс,  се дознава од извори блиски до Амбасадата на САД. Според истите извори, на досегашниот амбасадор во декември му завршува мандатот кој го започна точно пред четири години. Американскиот амбасадор Бејли во текот на неговиот мандат одигра клучна улога во сите важни историски настани. Ќе остане запаментен по контроверзната изјава која ја даде пред да дојде во Македонија со која ги поткрена и тензиите откако на сослушувањето во американскиот Сенат изјави дека во земјава живееле мнозинство Словени и малцинство Албанци. Бејли предходно беше вршител на должноста амбасадор во Амбасадата на САД во Анкара, каде почнал во јули 2011 како заменик амбасадор. Пред тоа, тој работел во Стејт Департментот како директор на Канцеларијата за Јужна Европа, каде ги менаџирал билатералните односи со Турција, Грција и Кипар. Засега нема најава каде амбасадорот Бејли кој е професионален дипломат од кариера ќе ја продолжи својата дипломатска активност. Доколку се покажат како точни шпекулациите дека неговата наследничка ќе биде г-ѓа Бирнс која во Атина како заменик шеф на мисијата е од септември 2017 година. Таа има богата 24-годишна дипломатска кариера. Нејзината претходна задача беше во мисијата на САД во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Виена, Австрија, каде што, исто така, беше заменик-шеф на мисијата од септември 2014 година. Претходно, била на позиции во Стејт Департментот за европски и евроазиски прашања, во канцеларијата на државниот секретар за јавни работи и јавна дипломатија и во Комитетот за надворешни односи на Сенатот. Работела како советник за јавни работи во Мисијата на САД во НАТО во Брисел, Белгија, од 2007-2010 година. Од 2010-2011 година, била Виш цивилен претставник кој го надгледува управувањето и развојот во источниот дел на Авганистан, како дел од Меѓународните сили за помош во безбедноста. Таа исто така ги претставувала интересите на САД во странство во Шпанија, Боливија, Унгарија и Турција. Бирнс има добиено седум награди за “Врховна чест и заслуги” и награда за експедитивна служба од Стејт департментот на САД и две награди за заслуги за цивилна служба од Одделот за армија на САД. Таа го претставуваше Стејт Департментот како пратеник во Конгресот од Пирсон од 2002-2003 и како член на Меѓународната организација за лидерство на жени за 2012-2013 година.
Во дипломатските кругови Бирнс важи за одличен познавач на гео-политичките состојби во регионот, и одлично е запознаена и со процесот на преговори за името со Грција.
Извор: Вечер

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.