Доаѓа новото филмско продолжение „Superman Legacy“: Дејвид Коренсвет и Рејчел Борснахан во главните улоги

Во наредната година ќе биде претставен новиот филм наречен „Superman Legacy“.Главната улога ќе ја има Дејвид Коренсвет, додека Рејчел Броснахан ќе ја преземе улогата на Лоис Лејн. Новото продолжение ќе биде достапно од 11 јули 2025 година.Иако популарноста ја стекна преку сериите на Нетфликс „Политичарот“ и „Холивуд“, главната улога во овој филм може да биде пресвртница во кариерата на Дејвид Коренсвет.Освен него, Рејчел Броснахан најмногу стана забележана преку улогата во серијата „Чудесната госпоѓа Мајзел“. Добитник е на многу номинации за телевизиски награди, а сега е пред предизвикот на голем филмски проект.Филмот го режираше Џејмс Ган, познат по дела како „Чувари на Галакс“ и „Самоубиствениот одред“.

Во новото продолжение на Супермен се појавуваат неколку нови ликови, меѓу кои се издвојува непријателот на Супермен, Лекс Лутор, а оваа улога му припадна на Николас Хулт. Заедно со него, улогите во филмот ги толкуваа Нејтан Филион, Мили Алкок и Изабела Мерсед.Заплетот на филмот сè уште не е откриен, но шпекулациите се дека филмот ќе го следи Супермен додека тој се бори да го усогласи своето наследство со неговото воспитување. За разлика од неговите претходници кои ја играа главната улога, Дејвид Коренсвет претставува нова верзија на популарниот херој.Најавата за новиот дел на Супермен предизвика многу позитивни реакции, а фановите во коментарите под тизерот изјавија дека со овој дел Супермен се враќа на своите „корења од стрипови“. Комплетната актерска екипа доби многу признанија.

Пронајдете не на следниве мрежи: