Засега, Емина и Мустафа комуницираат само онолку колку што е потребно за доброто на децата, а тие се одследија еден со друг на Инстаграм.
Емина Јаховиќ наводно добила понуда од една турска издавачка куќа да напише автобиографија во која, меѓу другото, ќе открие детали од бракот со Мустафа Сандал, со кого има два сина, Јавуз и Јаман. Тие само за пишување и нудат 100.000 евра, додека за печатењето и дистрибуцијата ќе бидат задолжени тие.
– Мустафа и Емина се големи sвезди во Турција и нивниот живот додека беа заедно го привлече вниманието на јавноста, а особено после разводот. Јавноста беше шокирана кога дозна дека Мустафа не плаќал алиментација за децата, со оглед на тоа што по разводот имаше таква пресуда, која тој ја игнорираше. Ова беше првичниот предизвикувач оваа турска издавачка куќа да и понуди на Емина голема сума пари, со цел да открие каков бил нејзиниот живот со Мустафа и дали имала проблеми за време на бракот што ги криела – вели извор близок до оваа поранешна двојка.
Засега, Емина и Мустафа комуницираат само онолку колку што е потребно за доброто на децата, а тие се одследија еден со друг на Инстаграм. Издавачката куќа сака што повеќе детали од нивниот брак, а доколку автобиографијата помине добро, за што мислат дека ќе помине, со оглед на тоа што и двајцата се големи sвезди, би направиле серија или филм. Нивниот брак ги наполни колумните на весниците, дури и по разводот, животот на Емина и Мустафа стана уште поинтересен.
– Емина сè уште размислува дали да ја прифати оваа понуда, бидејќи за неа звучи примамливо. Издавачите сакаат да добијат одговор што е можно побрзо, па Емина ќе ја донесе конечната одлука до крајот на следниот месец, како што побарале издавачите – вели изворот.
Оваа сума пари е примамлива, а Емина, со тоа што сама ги издржува своите синови, добро ќе и дојде секоја сума пари. Пејачката претходно изјави дека дури и за време на бракот, кој траеше скоро десет години, не ги трошела парите на нејзиниот сопруг, кој е голема музичка sвезда во Турција.
– Никогаш не сум била од оние жени кои поминуваат низ животот трошејќи ги парите на своите сопрузи. Продолжив да работам и по разводот, како што правев пред и за време на бракот. Благодарение на тоа, ќе бидам со своите деца до самиот крај, ќе ги поддржувам во сè и ќе ги натерам да прераснат во мажи кои ќе го живеат животот без потреба да бараат помош од никого – искрено рече Јаховиќ.