Добра вест: Поевтинуваат бензините и дизелот

Од ноќеска на полноќ бензините поевтинуваат за 1 денар, а дизелот и екстра лесното гориво за половина денар, објави Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 69,50 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 71,50денари за литар. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 61,50 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 51 денар за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали за 1,914 денари и килограм од тој енергенс ќе чини 34,167 денар.
РКЕ ја донесе одлуката врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во тек на изминатата недела.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.