Француската „Мала Венеција“ е богата со енолошка понуда, а средновековниот шарм повикува на истражување.
Многумина велат дека ова не е град туку село, а ние знаеме и зошто. Затоа што таму ќе се чувствувате како да сте во 16-ти век, а изграден е во еден посебен француски шарм – тоа е Колмар.
Интересни факти за Колмар
Колмар е симпатичен француски град кој што е сместен на североистокот во Франција.
Многумина кои што го посетуваат велат дека таму всушност се чувствувате како да сте на село, а не во некој град.
Доколку барате место кое што и денес изгледа како што изгледало во 16/17-ти век, Колмар е вистински избор за вас.
Не грижете се доколку се изморите шетајќи и истражувајќи го градот, затоа што целиот историски дел од градот може да го преминете пешки, за само половина дел.
Значи тоа е идеално место за посета и истражување за 24 часа.
Што ќе видите и доживеете во Колмар за 24 часа?
Таму може да прошетате по уличките кои што се украсени со ренесансни плочи кои што на овој град му даваат посебен шарм.
Таму задолжително треба да го посетите и музејот Musée d’Unterlinden кој што датира од 13-ти век.
Потоа може да се упатите до центарот на градот каде што реката Лауч се одвојува од каналот и го прави местото визуелно привлечно, како и Венеција.