„Добриот секс“ е тајната на долгиот брак на Џо Бајден – нова книга за првите дами



Американскиот претседател Џо Бајден на шега им порача на своите колеги дека клучот за долг и среќен брак е „добриот секс“, за што, меѓу другото, се зборува и во новата книга за американските први дами.

„Американска жена – Трансформацијата на модерната прва дама, од Хилари Клинтон до Џил Бајден“, е книга на Кејти Роџерс, дописник на The News York Time од Белата куќа, која ќе излезе подоцна оваа седмица.

Делот за сексот сочинува само неколку параграфи во книгата од 276 страници, но веќе ги поттикна медиумите да го „извлечат“ на насловните страници.

Роџерс пишува дека Бајден одлучил да не се кандидира за претседател во 2004 година, а одлуката им ја соопштил на соработниците откако Џил Бајден влегла во просторијата облечена во кус „топ“ и на нејзиниот стомак исчкртала пораката „НЕ“.

Бајден, кој сега има 81 година, им кажал на група поддржувачи во тоа време дека не е премногу заинтересиран да се кандидира за претседател. „Попрво би останал дома и да водам љубов со сопругата додека моите деца спијат“, рекол актулениот претседател на САД.

Неговиот портпарол само слегнал со рамената на коментарот на неговиот шеф, откривајќи дека тогашниот сенатор Бајден бил „искрено и целосно вљубен во својата сопруга“, пишува Роџерс во својата книга.

Во книгата се зборува и за страдањата низ кои поминал сегашниот американски претседател кога неговата прва сопруга Неjлија и ќерката Наоми загинале во сообраќајна несреќа во 1972 година. Се оженил со Џил во 1977 година, но Роџерс пишува дека морал да ја бара за жена пет пати пред таа да се согласи.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: