Договорот од Преспа помина и во грчкиот Парламент

Парламентот на Грција денес го ратификуваше Договорот од Преспа со 153 гласа “ЗА“, 146 „ПРОТИВ“ и еден воздржан, јави дописничката на МИА од Атина. Со поединечно прозивање сите 300 пратеници требаше да кажат дали гласаат “за“, “против“ или “воздржано“. Позитивно за решението на деценискиот спор меѓу Македонија и Грција гласаа целата пратеничка група на СИРИЗА, односно 145 пратеници, седум независни пратеници и еден пратеник од “Независни Грци“.
Осумте пратеници кои го поддржаа Договорот од Преспа се: претседателот на “Демократска левица“, Танасис Теохраопулос, кој беше избришан од коалицијата “Демократска алијанса“, сега независен пратеник; Спирос Данелис, кој беше избришан од “Река“, сега независен пратеник “Ставрос Теодоракис, Јоргос Мавротас и Спирос Ликудис, од “Река“, кои по распадот на пратеничката група официјално се независни пратеници, Елена Кундура, министерката за туризам, поранешна членка на “Независни Грци“, сега независна пратеничка, Катерина Папакоста, заменик министерка за цивилна заштита, сега независна пратеничка, Танасис Папахристопулос, пратеник од “Независни Грци“.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.