Германија и Индија очекуваат да го финализираат договорот за изградба на подморници во вредност од најмалку осум милијарди долари во следните три месеци, изјави денес германскиот министер за одбрана Борис Писториус .
По разговорот со својот индиски колега Раџнат Синг во германскиот пристанишен град Кил, тој објави дека проектот предвидува производство на шест подморници во Индија , а следните чекори ќе ги координира владата во Њу Делхи, според „Блумберг“.
„Цврсто сум убеден дека наскоро ќе го потпишеме договорот, особено по денешните разговори со г-динот Синг и неговата делегација“, изјави Писториус за новинарите по посетата на фабриката на „Тисенкруп Марин Системс“.
Во реализацијата на проектот ќе учествуваат германската „ТКМС“ и индиската државна компанија „Мазагон Док Шипбилдерс Лтд“.
Писториус изјави дека, според министерот Синг, договорот е „на вистинскиот пат“ и дека сите формалности треба да бидат завршени во следните три месеци.
Вредноста на договорот се проценува на најмалку осум милијарди долари , што би го направило најголемиот одбранбен договор во историјата на Индија, според извори запознаени со преговорите.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц разговараше за проектот со индискиот премиер Нарендра Моди за време на неговата посета на Индија претходно оваа година.
Договорот би претставувал прв трансфер на германска технологија за производство на подморници во земја што не е дел од Европа, според агенцијата.
The post Договор вреден 8 милијарди на повидок: Прв пат Германија да ја извезува оваа технологија во земја надвор од Европа appeared first on Во Центар.



