Договор за ретки метали помеѓу Македонија и Украина на повидок

Американскиот претседател Доналд Трамп објави најави дека ќе се склучи договор со Украина за ретки метали. „Една од работите која ја правиме е склучување договор, набрзо, што се однесува на ретките метали со Украина кои имаат огромна вредност“, изјави Трамп. Тој исто така се осврна и на мировниот договор меѓу Русија и Украина. „Имаме добар однос со Украина и Русија“, рече Трамп, мислејќи на своите разговори со Владимир Путин и Володимир Зеленски. „Сакаме таа војна да заврши и мислам дека сме на добар пат во таа насока.“ Додаде дека верува дека „ќе постигнеме договор“. Киев и Вашингтон постигнаа спогодба за искористување на минералните суровини, што украинската влада ја гледа како можност за унапредување на релациите со администрацијата на Трамп и како отворање на патот за долготрајна безбедносна соработка со САД.
The post Договор за ретки метали помеѓу Македонија и Украина на повидок appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: