Додека луѓето успеат да се организираат механизацијата забрзано работи

Иако утрово граѓаните на Аеродром се револтирани од активностите во овој дел од населбата, механизацијата пристигна кај Мајчин дом. Градежната мафија победи и во оваа скопска населба.
Ова е само уште еден доказ дека народот никој не го ферма.
Осум бетоњерки чекаат на ред, додека две истураат бетон на локација кај Мајчин Дом и забрзано се работи. Мештаните протестираа, се бунеа, пружаа отпор, но испадна дека се за џабе.
Додека луѓето не успеат да се организираат градежната мафија победи. Кај што не буши бургија, парите бушат, стои во објавата на социјалните мрежи на загрижен граѓанин кој сподели и фотографии.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.