Додека сопругата беше во болница спиев со тештата: Најодвратното признание на неверство

Популарната колумнистка на „Сан“ добила ужасна исповед од еден неверен маж кој и се обратил.
Пораката гласела вака:
Драга Деидре, потајно имам секс со својата секси тешта. Ја сакам својата жена, но ја сакам и нејзината мајка и знам дека чувството е двострано. Јас имам 38, а сопругата 35 години. Таа минатата година имаше гадна сообраќајна несреќа, па мораше да помине некое време во болница поради скршени нозе и внатрешни повреди. Дури беше и на апарати. Тештата дојде кај мене за да ја посетиме заедно мојата жена во болница, но и се поддржувавме во тие тешки мигови.
Таа живее само 32 километри подалеку, но не сака многу да вози. Беше навистина тежок период во кој бевме под голем стрес. Така почнавме да се тешиме. Секогаш разговаравме за мојата жена, а понекогаш и плачевме заедно. Една вечер се вративме преморени од болница. Направив чај за нас и седнавме на кауч еден покрај друг. Тештата ми ја стави својата рака на нога со зборовите дека ќе биде се добро.


Не знам зошто, но тогаш само тргнав кон неа и ја бакнав. Една работа водеше кон друга и завршивме во кревет. Беше одлично. Иако има 53 години, има врвно тело. Пази на себе и редовно вежба. После тоа често имавме секс се додека мојата жена не се врати од болница. Таа сега потполно се опорави, но и понатаму се гледам со нејзината мајка, главно кај неа дома. Таа ме повикува кога и да и треба помош околу куќата или нешто да се поправи.
Гледам дека почна и емоционално да се врзува со мене. Сексот ни е топол и полн со љубов. Знам дека тоа што го правам е погрешно, но ако никој не е повреден, сметам дека нема штета. Ние меѓусебно си веруваме еден на друг и никогаш нема да ја кажеме нашата мала тајна. Премногу ни значи нашата врска за да би ризикувале.
Деидре му одговорила:
Можеби сексот со свекрвата ти се чини посебен, но тоа е забрането овошје за двајцата. Тоа дополнително ве возбудува, но само е прашање на време кога сопругата ќе дознае. Ја издале двете лица на кои најмногу им верува. Запрашај се каква личност е твојата тешта, ако го охрабрува мажот на својата ќерка на прељуба. Се плашам дека не баш одговорна. А каков сопруг си ти? Знам дека таа несреќа ве поврзала тебе и свекрвата, но сега треба да и кажеш дека сте згрешиле многу и дека тоа мора да престане. И со својата жена можеш да имаш одличен секс ако малку се потрудиш и се препуштиш на фантазијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.