четврток, 19 ноември 2026
Најново

Светско признание за „Безбеден град“ – Тошковски ја прими меѓународната награда во Дубаи

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Македонскиот проект за унапредување на сообраќајната безбедност „Безбеден град“ доби признание на меѓународно ниво. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја прими наградата „Excellence in Road Safety“ на свечената церемонија World Police Summit Awards 2026, која се одржа во рамки на Светскиот полициски самит во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека наградата е доделена за реформите и активностите што се спроведуваат во насока на зголемување на безбедноста на патиштата.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Проектот „Безбеден град“ се темели на примена на современи технологии, законски измени, автоматско регистрирање на сообраќајните прекршоци и дигитализација на постапките. Целта е да се намали бројот на сообраќајни несреќи и да се зголеми заштитата на учесниците во сообраќајот.

Тошковски, покрај примањето на наградата, имаше можност да се обрати и пред меѓународните полициски претставници и учесниците на самитот. Во говорот ја истакна потребата од координирано дејствување меѓу државите во справувањето со современите безбедносни закани.

Тој посочи дека безбедносните предизвици не завршуваат на државните граници, поради што меѓународната соработка е неопходна за нивно успешно решавање.

Како пример ја посочи заедничката истрага на македонската полиција и ФБИ против нелегалната онлајн платформа OLVX, поврзана со трговија со украдени лични податоци и алатки за сајберкриминал. Според него, активностите на македонските институции придонеле за подобра дигитална заштита на граѓани во САД.

„Големината на една држава не ја ограничува важноста на нејзиниот придонес. Една навремена информација, една успешна истрага или една спречена закана можат да заштитат човечки животи далеку над нејзините граници“, истакна Тошковски.

Од МВР оценуваат дека наградата претставува признание за досегашните активности, но и обврска за продолжување на процесите на модернизација и воведување современи решенија во интерес на безбедноста на граѓаните.

Поврзани вести