Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД не ја поддржуваат независноста на Тајван, пренесува кинеската новинска агенција „Синхуа“.
Трамп денеска во Шенжен се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг, во пресрет на најавената трилатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин.
„Си и јас изградивме извонреден личен однос. Некои не се задоволни од тоа“, изјави Трамп.
Пекинг го смета Тајван за составен дел од Кина, а почитувањето на принципот „една Кина“ е основен услов за државите што сакаат да воспостават или да одржуваат дипломатски односи со Народна Република Кина.






