Автомобил марка „Пежо“ утрово се најде во водите на Охридското Езеро, покрај кејот во центарот на градот. Според неофицијални информации на очевидци автомобилот паднал во езерото откако претходно бил паркиран од страна на охриѓанка, која заминала да пие кафе во околните угостителски објекти. Не е познато дали се работи за грешка на возачот. Полицијата изврши увид, а за се утврди причината ќе ги прибавува и снимките од надзорните камери. Возилото со помош на противпожарната служба во Охрид ќе треба да биде извадено од езерото.