Доделени стипендиите за најталентирани ученици и спортисти

Градоначалникот Борис Георгиевски, додели 20 стипендии за талентирани спортисти и ученици од основните училишта од општина Гази Баба, за учебната 2017/2018 година.
– Драги ученици, ваша работа е да учите, да се надградувате, а наша обврска е да ви направиме квалитетни услови за учење и за одвивање на воспитно – образовниот процес.
Со квалитетен воспитно образовен и стручен кадар, со адекватни услови за работа, со мотивирани ученици, доаѓаат и одличните резултати во образованието – се обрати градоначалникот Георгиевски на присутните ученици.


Тој напомна дека во тек е изградба на новото основно училиште „Вера Јоциќ“ во Хиподром, а во план е реконструкција на основното училиште „Крсте Мисирков“ во Ченто, изградба на две училишни спортски сали во Хиподром и Стајковци, како и санација на сите основни училишта.
На крајот, градоначалникот Георгиевски на сите им ги честита престојните новогодишни и Божиќни празници и им посака многу здравје, среќа и успеси во наредната година.
Стипендии за најталентирани спортисти добија учениците:
Петар Давидовски
Ана Пејиќ
Борјан Давковски
Милијана Рељиќ
Елеонора Митковска
Мерис Зверотиќ
Едон Реџепи
Никола Јорданов
Ангела Димитриевски
Стипендии за најталентирани ученици добија:
Марија Петковска
Драган Николовски
Филип Велковски
Павел Наневски
Стефан Савиќ
Ангела Влинтовска
Сара Тошевска
Сања Филиповска
Антонио Илиоски
Марија Филипова
Трингла Емини
13.12.2017

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.