Додик: БРИКС е надеж за поправеден свет

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, koj присуствува на самитот на БРИКС во руски Казан, порача дека БРИКС е мировна асоцијација која ја поттикнува надежта дека светот може да биде поправеден, полн со почит, каде што суверените земји ќе се однесуваат суверено и без да им ги наметнуваат своите барања на другите.

Додик истакна дека таквиот пристап е сосема спротивен од меѓународните односи коишто ги наметнуваат западните земји, во кои доминира притисокот, заканите и уцените.

Западот не бара соработници и партнери, туку поданици. И тоа е разликата помеѓу Западот и БРИКС. Овде се чувствуваме слободни, добро и би биле многу среќни доколку на таквите субјективитети им се дозволи каков било статус во рамките на БРИКС“, изјави Додик.

Пронајдете не на следниве мрежи: