Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, по повод Видовдан додели признанија за „исклучителни заслуги за РС“. Меѓу наградените беше и Бора Ѓорѓевиќ, попознат како Бора Чорба.Наградата ја доби за „долгогодишен признат јавен труд и достигнувања во областа на музичкото творештво и придонес во ширењето на популарната музика и уметност“, се вели во соопштението. „Го доделуваме Орденот на честа со Златни зраци на Борисав Бора Ѓорѓевиќ, рок музичар, поет, главен вокал и текстописец на рок бендот Рибља чорба“, се додава.Инаку, Ѓорѓевиќ со години го поддржува четничкото движење, а бил прогласен за четнички војвода. Откако во 2012 година доби плакета и кокада од постарите војводи, го прашале дали би сакал да оди во Загреб со кокадата, на што тој одговорил дека „Загреб ќе биде многу среќен со неговата нова титула“.
Пронајдете не на следниве мрежи: