Претседателот на Република Српска Милорад Додик, кој ја предводи делегацијата на Српска на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, објави дека ќе се сретне со претседателот на Русија Владимир Путин и додаде дека ја знае вредноста на рускиот претседател и на што е посветен.
Сите знаеме, рече Додик, дека специјалната операција на Русија во Украина беше неопходност, за да не биде загрозена цела Русија и нејзиното јадро.
„Она што мислам е дека операцијата беше целосно оправдана, дека секако имаше жртви, но фактот е дека западњаците успеаја да го стимулираат режимот во Киев, дека има многу негативен став кон руското население, што е значајно. Укинување на азбуката, забрана на јазикот, ограбување на црквата, како и ограбување на земјата“, изјави Додик за RTRS .
Тој додаде дека според него е неприфатливоз Русија да не реагира и да ги игнорира ваквите напади од западот и режимот во Киев.



